Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шар планина наскоро ќе биде прогласена за Национален парк

Шар планина наскоро ќе биде прогласена за Национален парк

Со планински марш од неколку километри, вицепремиерот Бујар Османи, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи и неколку амбасадори и претставници од амбасадите во земјава, уште еднаш ја промовираа идејата Шар Планина да се прогласи за Национален парк.

„Тука сме, заедно со Општина Тетово и амбасадорите, кои ни се придружија во оваа акција да ја промовираме потребата од прогласување на Шар Планина во национален парк. Можевме да слушнеме дека работите околу ова привршуваат и може да очекуваме во наредните месеци тоа и да се реализира и мило ми е што целата таа динамика кореспондира со процесот за започнување на преговори за влез во ЕУ“, истакна вицепремиерот.

Исто така, Османи додаде дека со овој марш се пренесуваат и две пораки.

„Политички созреавме да станеме дел од Унијата, меѓутоа и во делот на практичните прашања на европското живеење, како што е животната средина, ние веќе сме подготвени да живееме европски. Северна Македонија до сега има 9 проценти од нејзината територија под национални паркови а со прогласување на Шар Планина за национален парк тој процент би изнесувал 12 со што веќе се доближуваме до европските стандарди на заштитени подрачја“, рече вицепремерот за евроинтеграции.




Слично

Поврзани вести