Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дивоградбата во Старата охридска чаршија си доби фасада

Дивоградбата во Старата охридска чаршија си доби фасада

Активистите од СОС Охрид реагира дека фамозната дивоградба во заштитеното градско јадро во Старата охридска чаршија во изминатиот период доби фасада и покрај тоа што  Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам преку вонредна контрола утврди дека објектoт е илегално изграден во заштитената зона.

При увидот, инспекторите констатирале прекршување на одредбите од Законот за градење, односно инвеститорот вршел градежни активности без Одобрение за градење и против него било најавено дека же се поднесат соодветни пријави согласно законските прописи, според она што информираше Министерството за транспорт.

Оттаму посочија дека заштитата на Старото градско јадро на Охрид е со цел да се спречат дејства, појави и влијанија со коишто може да настане оштетување, неповратно изменување, уништување или деградирање на споменичната целина.

- Но, набргу потоа, иако биле поставени жолти ленти, како и кај старата градска куќа на улицата „Димитар Влахов“, градежните работи си продолжиле и објектот веќе доби нова фасада. Постојат одредени субјекти кои се над законот во овој град, па ниедна одлука институционална не се почитува. Се поставува прашањето - зошто воопшто постојат сите овие институции кога во реалноста не преземаат ништо за да се сузбие нечие самоволие? Како останатите да веруваат на државата и системот кога секојдневно се сведоци на различни девијации?, реагираат од СОС Охрид.


Слично

Поврзани вести