Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИВИДЕНДИ ВО „АЛКАЛОИД“ - еве која е сумата и колку е зголемувањето, КОМПАНИЈАТА ГО УТВРДИ И ДАТУМОТ НА ИСПЛАТА

ДИВИДЕНДИ ВО „АЛКАЛОИД“ - еве која е сумата и колку е зголемувањето, КОМПАНИЈАТА ГО УТВРДИ И ДАТУМОТ НА ИСПЛАТА

Управниот одбор на нашата најголема фармацевтска компанија донел одлука за утврдување на датумите за исплата на дивиденда за минатата година. 

Ова е една од предлог одлуките за Собранието на акционери. 

„Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на ден 02 февруари 2023 година, ја донесе следната предлог одлука за утврдување на датуми при исплата на дивиденда за 2022 година, односно дивиденден календар. Согласно Одлуката за употреба и распоредување на нето добивката остварена по годишната сметка за 2022 година, на акционерите им се исплатува дивиденда за 2022 година во висина од 441 денари нето, односно 490 денари бруто, за една акција. Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на акционерите. Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2022 година е 18 април 2023 година. Прв датум на тргување без право на дивиденда за 2022 година е 19 април. Датум на стекнување на право на дивиденда за 2022 година е 20 април 2023 година. Исплата на дивидендата за 2022 година ќе започне од 17 мај 2023 година. Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето“, се вели во предлог одлуката. 

Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2022 година во износ од 490 денари бруто, односно 441 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 440 денари бруто, односно 396 денари нето е поголема за 11,36 отсто на нето основа, се вели во образложението од „Алкалоид“.

Слично

Поврзани вести