Економија, финансии, бизнис

Контакт

Диви наплаќачи на слободниот паркинг спроти Ист Гејт Мол

Диви наплаќачи на слободниот паркинг спроти Ист Гејт Мол

Диви наплаќачи го узурпирале слободниот паркинг спроти Ист Гејт Мол во Скопје на територијата на Општина Центар.

Комуналната инспекција реагирала по пријава на граѓани. Затекнале лица кои неовластено и на своја рака наплаќале паркинг услуги.

Повикана била полицијата, лицата биле легитимирани, составен е записник, а ќе бидат изречени и казни согласно Законот за комунални дејности.

Наплаќачите илегално поставиле ланци, импровизирани столпчиња, автомобилски гуми и останати препреки.

Опремата е отстранета и паркингот е повторно слободен, а комуналните инспектори апелираат до граѓаните да пријавуваат вакви појави до надлежните органи.


Слично

Поврзани вести