Економија, финансии, бизнис

Контакт

Диви депонии, извори на болести во центарот на градот

Диви депонии, извори на болести во центарот на градот

Диви депонии на централни градски подрачја и тоа во 21 век – додека едни граѓани прават граѓански акции за чистење на ѓубрето, другите тоа го создаваат. Од Комунална хигиена велат дека голем дел од депониите се поради несовесното однесување на граѓаните. Директорот Абдусамед Шабани тврди дека не потфлиле туку напротив во последниот период чистеле и каде немале надлежност. Додека граѓаните се револитирани, тој тврди дека се работи со сиот капацитет. Во последниот период исчистиле неколку диви депонии низ градот – најмногу околу наставнообразовни институции.

„Граѓанските акции се добредојдени, ние и самите организиравме низа акции за чистење на образовните институции во градот Скопје, и покрај фактот дека чистењето на ваквите површини не е во наша надлежност. „Комунална хигиена“ ги спроведе овие активности, со цел да се спречи ширењето на заразни болести и да се заштити животната средина.  Енормно количество отпад исчистивме од студентските домови „Пелагонија“ и „Гоце Делчев“, заводот „Ранка Милановиќ“, кампусот на УКИМ, средното хемиско училиште, вели Абдусамед Шабани, директор на Комунална хигиена.


Тој вели дека мора да се зголеми и јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот оти, ако се создадат дивите депонии директно ја загрозуваат животната околина и претставуваат закана за здравјето на граѓаните. Шабани тврди дека постојано работат на црните точки. 

Иако на таков начин се крши Законот за јавна чистота, граѓаните на улиците и на тротоарите до контејнерите остваат стари кревети, маси, столици, душеци, шпорети, монитори. Само за една година бил расчистен отпад од рекордни 5.144 кубни метри и тоа само од диви депонии.


Шабани вели дека отпад собираат седум пати во неделата во три смени. Според нивните податоци, во последните 12 месеци собран и транспортирани се вкупно 140.809 тони комунален отпад или за 1 2.612 тони повеќе од претходнта година.

Во истовреме само за два месеци од годинава, биле запалени и опожарени 40 контејнери на Комунална хигиена. 


Слично

Поврзани вести