ДИВА БРАНА КАЈ НЕГОТИНО МОЖЕ ДА СЕ УРНЕ: Ангелов на терен, ситуацијата сериозна
Протекува на повеќе места и постои опасност од уривање. Браната „Липа“ кај Неготино може да се сруши и допрва ќе се преземаат мерки, изјави денеска директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Тој по пријава од Општина Неготино, денеска беше кај браната „Липа“ и како што самиот увидел, состојбата е сериозна.
Браната која претставува насип од камења и земја, на повеќе места во долниот дел протекува и постои опасност од уривање. Браната била изградена пред педесетина години од страна на земјоделска задруга и практично претставува дива брана, рече Ангелов. Но сепак, со странска помош пред 7 години браната била реконструирана и тестирана, но сега е нестабилна, рече тој.
Слично
