ДИСЛОЦИРАНА Е БИСТАТА НА СТРАШО ПИНЏУР: Од Кавадарци е пренесена во Ваташа
Од Општина Кавадарци попладнево соопштија дека е дислоциран споменикот на народниот херој Страшо Пинџур.
Спомен бистата долги години беше во дворот на поранешниот ДИК „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, а сега е дислоцирана во село Ваташа.
„Иницијативата беше на месната заедница на село Ваташа, село во кое што се наоѓа и неговата спомен куќа. Дислокацијата е согласно на одлука на Советот на Општината. Во изминатиов период се покажа грижа кон сите спомен обележја на кавадаречка територија“, нагласија од локалната самоуправа.
Оттаму потсетија дека претходно, спомен бисти од неколку локации, беа поставени во Паркот на Револуцијата во центарот на Кавадарци.
Страшо Пинџур е роден во Ваташа, на 3 март 1915 година, а починал во Скопје, на 4 јануари 1943 година. Тој е македонски комунист, учесник во НОБ. Бил прогласен за народен херој на Југославија на 29 јули 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување.фото МИА
Слично
