Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дислексија-проблемот со читањето и пишувањето присутен кај учениците, невидлив кај институциите

Дислексија-проблемот со читањето и пишувањето присутен кај учениците, невидлив кај институциите

Дислексијата  е состојба во која постојат тешкотии при читањето и разбирање на прочитаното. како и при интерпретацијата на визуелните симболи. Иако имаат нормален вид и слух, како и навики за пишување, лицата со дислексија имаат тешкотии при пишувањето на букви или зборови по саканиот редослед. Во  Македонија постојат само четири  лиценцирани тренери за дислексија што ни оддалеку не е доволно да се работи на надминување на овој реален проблем- ве­ли  за Фактор, Дам­јан Ни­ко­лов­ски, пре­тсе­да­тел на Здру­же­ни­е­то за дис­ле­кси­ја „Ајн­штајн“.

Лицата со дислексија како што вели можат да ги разберат комплексните идеи но потребно им е повеќе време за анализа на поединечните информации и детали. Навремената детекција на оваа состојба, според Николовски  е од голема важност во градењето на психички и емоционално здрава личност.

“Здружението за дислексија АЈНШТАЈН  преку проектот “Инфо ѕид за дислексија” финансиран од проектот на УСАИД за граѓанско учество во изминатиот период го создаде првиот Македонски тест за проценка на дислексијата и со истиот спроведе истражување за застапеноста на дислексијата помеѓу средношколците од територијата на цела Македонија. Од истото се потврдија веќе очекуваните резултати односно дека дислексијата е застапена кај 12,6% од испитаните ученици. 

Целиот текст за темава со дислекција прочитајте го на Женски магазин , тука.

Слично

Поврзани вести