Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИШЕМЕ ОТРОВ: Нашиот воздух пет пати позагаден од европскиот

ДИШЕМЕ ОТРОВ: Нашиот воздух пет пати позагаден од европскиот

Македoнскиот воздух е пет пати позагаден од европскиот, стои во извештајот на Обединетите нации.

Жителите на Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија се изложени на една од најголемите концентрации на загаден воздух во Европа, што е за пет пати поголема од националните и европските упатства на ЕУ. 

„Загадувањето на воздухот во градовите од Западен Балкан предизвикува помеѓу 15 и 19 отсто од вкупната смртност и го намалува очекуваниот животен век за 1,1 до 1,3 година“  – стои во извештајот.

Алармантно високо ниво на загадување на воздухот го намалува очекуваниот животен век. 

Загадувањето на воздухот е причина за едно од пет предвремени умирања во 19 града на Западен Балкан, велат првичните резултати од извештај изработен од Програмата на ОН за животна средина.

Вкупниот број предвремени умирања директно поврзани со загаденоста на воздухот во градовите е скоро 5.000 годишно. Во седум од проучуваните градови, загадувањето на воздухот е одговорно за најмалку 15% од предвремените умирања, а во Тетово дури за 19%.

За извештајот се анализирани податоци од Корча, Бања Лука, Брод, Приједор, Сараево, Тузла, Зеница, Бар, Никшиќ, Плевља, Подгорица, Тиват, Битола, Скопје, Тетово, Белград, Панчево.

Скопје денеска на air visual е 31 најзагаден град на светот, a Белград е на 30 место. 


Загреб е на 32 место, а во зима балканските градови се во топ 10 најзагадени во светот. 

Слично

Поврзани вести