Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дисциплински казни за инцидентот со Јанакиески и Ристовски

Дисциплински казни за инцидентот со Јанакиески и Ристовски

Досега се покренати 11 дисциплински постапки за пропустите во истражниот затвор Шутка, а обемниот извештај од притворот е пристигнат во Владата, објави Дојче Веле, по нападите над поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Бројката на дисциплински мерки не е конечна, а до Владата вчера била доставена и оставката на директорот Ѓоко Котески, од кого тоа го побара премиерот Зоран Заев.

Клучни пропусти биле оние во протоколите за постапувањ и изведување на притворените лица надвор од собите.

Управата за извршување санкции треба да ги утврди казните и да изготви свој извештај за одговорноста во овој случај на командната структура во Истражниот затвор и другите пропусти.

Слично

Поврзани вести