Дисциплинска постапка за 11 полицајци од Велес кои не постапиле правилно да ја заштитат Росица
МВР објави дека ќе спроведе дисциплински постапки за 11 полицајци од СВР Велес кои не постапиле соодветно за да ја заштитат Росица Коцева од насилство, пред таа и нејзиниот татко да бидат убиено од насилникот кој потоа самиот си го одзеде животот.
Одделот за внатрешна контрола од извршените проверки за постапувањето на полициските службеници по насока на министерот Панче Тошковски, констатирал дека во најголемиот дел од случаите полицијата постапила согласно законските процедури, за што била поднесена и кривична пријава против пријавениот, која заврши со условна пресуда во судска постапка. Сепак, внатрешната контрола утврди дека во дел од претходните пријави на жртвата не било постапено целосно согласно законските обврски и процедурите.
- Врз основа на извршените проверки поднесен е предлог за поведување на дисциплинска постапка за 11 лица вработени во СВР Велес, а за утврдените наоди писмено е известено и Јавното обвинителство за натамошно постапување во рамки на нивната надлежност, објави МВР.
Претходно беше објавено дека Росица претходно 70 пати го пријавувала Илија Стефановски во полиција пред да биде убиена.
Слично
