Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИРИГЕНТ ОД ВИЕТНАМ СЕ ИЗЛЕКУВА ОД КОВИД НА ИНФЕКТИВНА - бескрајна благодарност до тимот лекари за љубовта кон пациентите

ДИРИГЕНТ ОД ВИЕТНАМ СЕ ИЗЛЕКУВА ОД КОВИД НА ИНФЕКТИВНА - бескрајна благодарност до тимот лекари за љубовта кон пациентите

Фифи Ле, диригент кој живее во Скопје, но е од Виетнам, пред извесен период се разболел од коронавирусот и се лекувал на Клиниката за инфективни болести во главниот град.

По десет дена интензивно лекување, тој излегува задоволен и радосен што ќе си оди дома, но изразува и бескрајна благодарност до тимот кој го лекувал, за големата грижа и посветеност што ја имале кон него, а се заблагодарува и лично до одредени доктори.

Ова тој го сподели и на својот фејсбук профил.

„После 10 дена интензивно лекување во Инфективна клиника Скопје, денеска ќе можам да се вратам домче. Солзи од радоста!!!

Бескрајно сум благодарен на сите доктори, сестри и персонал на Државна Инфективна болница. Би се заблагодарил лично на: Д-р инфектолог Милена Стефановиќ- директор, Д-р Шопова Жаллина, Д-р Капсаров Коста, и мојот долгогодишен виетнамскиот пријател Д-р Нгуен Куанг Танг -‚ВИНМЕК' болница, Ханој, Виетнам.

За нивната максимална ангажираност околу мене! Ви должам за вашата хуманост и љубов кон пациентите и воопшто човештвото во најтешкиот момент на пандемијата Ковид-19.

Искрен ваш, Диригент Фи Фи Ле. Вечно да живее пријателство меѓу Македонија и Виетнам“, пишува на фејсбук овој диригент.


Инаку, од профилот на диригентот Фифи Ле се гледа дека тој живее во Скопје повеќе години каде што е работно ангажиран во македонската филхармонија, а претходно работел и во Србија. 

Слично

Поврзани вести