ДИРЕКТОРСКАТА ФУНКЦИЈА ИЛИ СОВЕТНИЧКИТЕ МЕСТА: Што ќе биде попривлечно за лекарите кои се во трка на локалните избори?
Голем број
познати имиња од лекарската фела на овие локални озбори беа или на советничките
листи, или пак во треката за градоначалничката функција. Некои од нив веќе ја
добија поддршката на граѓаните, некои ја изгубија трката со противкандидатите,
додека пак некои се подготвуваат за за втриот круг на 31. Октомври. Накои од
позвучните имиња кои веќе влегоа во советите се: актуелната директорка на
Клиниката за пластична хирургија, д-р Софија Пајкова, носител на советничката
листа на СДСМ на Град Скопје, како и познатиот микробиолог, професорот Никола
Пановски, носител на советничката листа на ЛДП и ДОМ исто така за Град Скопје.
За советник на СДСМ во Општина Карпош е избран и актуелниот директор на Здравствен Дом-Скопје, д-р Виктор Исјановски, кој беше трет на листата.
Што се однесува пак до градоначалничките места, трката уште во првиот круг во Прилеп ја доби ВМРО-ДПМНЕ, односно победи д-р Борче Јовчески, специјалист ортопед. Во вториот круг битката за градоначалник на Охрид ја продолжува д-р Константин Георгиевски, специјалист интернист, кој заостанува со околу 2.000 гласа зад Кирил Пецаков, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Од познатите лекари кои веќе изгубија уште во првиот круг на локалните избори се поранешниот директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, д-р Оливер Зафировски, кој беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Карпош, како и познатиот штипски кардиолог Сашко Николов, кој досега беше првиот шовек на Штип.
Инаку, согласно Изборникот Законик има неспојливост на функцијата претседател на Републиката, пратеник, градоначалник и член на совет.
Во членот 8 од Изборниот Законик е нагласено дека функцијата пратеник, член на совет и градоначалник е неспојлива со функцијата претседател на Републиката, претседател на Владата на Република Македонија, министер, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, народен правобранител и со други носители на функции кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија и Владата. Со оглед на фактот дека директорите на јавните здравствени установи ги избира Владата, можно е да има испразнети директорски места во некои од клиниките и другите здравствени институции, во случај советниците да ја прифатат функцијата во општината или во градот.
Но, дел од нив, веќе најавија дека најверојатно ќе се откажат од советничките функции, со цел да им се даде предност на помладите да делуваат на локално ниво. И во минатото лекри се откажуваа од позициите во градот или во општините. Во 2010 година, токму д-р Оливер Зафировски, се откажа од советничкото место во Карпош, кој тогаш изјави дека пред се е доктор и има обврска да се грижи за своите пациенти и да им обезбеди подобро здравство, отколку да решава локални проблеми.
Анита Буховски
ФОТО: Фејсбук