Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДИРЕКТОРСКА ПЛАТА ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ“: Еве ги дневниците на берачите на малини

„ДИРЕКТОРСКА ПЛАТА ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ“: Еве ги дневниците на берачите на малини

Одбројувањето е во тек до почетокот на бербата на малини во српско Ариље, кое, заедно со Ивањица, се смета за престолнина на српското црвено злато. Веќе се знае какви ќе бидат дневниците за сезонските работници, но проблем е што кандидати за работа нема, па многумина ангажираат работници од соседството.

-  Кога станува збор за дневниците за сезонските работници, тие ќе бидат исти како и минатата година, од 4.000 до 4.500 илјади динари (2000/2250 денари). Се надеваме дека берачите ќе нè разберат, бидејќи малкумина се во можност да дадат повеќе оваа година, изјави Драгош Луковиќ, одгледувач на малини од Ариље, за РИНА.

Сезонските работници за берење малини се сè потешко да се најдат секоја година. Генерално, сите членови на семејството се вклучени во бербата. 


Курир.рс

Слично

Поврзани вести