Економија, финансии, бизнис

Контакт

Директорот на Железници Инфраструктура: Ќе ја уапсиме цела криминална банда што краде

Директорот на Железници Инфраструктура: Ќе ја уапсиме цела криминална банда што краде

Директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Наумовски, откако МБР објави дека се уапсени четири лица, им упати порака на сите ограбувачи од складиштата на ова јавно претпријатие, дека ќе бидат фатени и дека ќе се соочат со законот.

„Уапсена криминална багра која во континуитет врши кражби на железничката Инфраструктура и со тоа ја нарушува безбедноста на железничкиот сообраќај.

Благодарност до МВР и П.С. Аеродром за професионалноста и ажурноста. Благодарност и за нивната се поголема вклученост и присутност на терен со цел справување со организираниот криминал за кражби на железничката инфраструктура.

Порака до бандите во Трубарево, Железара, Маџари, Велес - Неготино - Дуброво. СИТЕ ЌЕ ВЕ НАЈДЕМЕ !!!“, порача Наумовски на социјалните мрежи.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица осомничени за извршување на четири тешки кражби, како и уште еден обид за кражба во објект на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје, лоциран на булеварот „Србија“.

Осомничените во четири наврати месецов, со употреба на сила и алатки го искршиле катанецот на металната капија, по што влегле во објектот и одземале разни машини и предмети. Вкупната штета е проценета на 1.239.000 денари.

Последниот инцидент се случил на 14 април, кога двајца од осомничените повторно се појавиле на локацијата, ја обиле металната капија и се обиделе да однесат парчиња лим. Во моментот биле забележани од вработени во претпријатието и задржани на лице место.

Јавниот обвинител до надлежниот судија за претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор за сите инволвирани лица.

Слично

Поврзани вести