Економија, финансии, бизнис

Контакт

Директорот на Заводот за статистика го очекува Законот за попис утре на владина седница

Директорот на Заводот за статистика го очекува Законот за попис утре на владина седница

Апостол Симовски, директорот на Државниот завод за статистик, го очекува утре Законот за попис на населението да биде ставен на дневен ред на редовната владина седница и од таму да биде испратен во Собранието.  Ова го тврди Симовски во денешното интервју за весникот „Вечер“.

Законското решение со кое треба да се започнат официјалните подготовки за пописот во април следната година требаше да виде изгласан уште на почетокот на оваа година. Симовски не верува дека станува збор за неможност да се дојде до договор помеѓу политичките лидери или дека проблем прават одредени детали од оваа демографска статистичка операција.

– Донесувањето на законот за попис заглави поради некои технички проблеми, кои според моите информации сега се надминати. Очекувам дека веќе во вторник законот да се најде на владина седница и истиот да биде усвоен. Проблемот не беше само самиот закон и недоразбирањата кои ги имало, овој период беше мошне интензивен и од други работи, имавме претседателски избори. Во текот на кампањата наша беше иницијативата законот да не биде на дневен ред за да не се злоупотреби во политичката кампања, и сега во вторник очекувам да биде усвоен без никаков проблем, вели Симовски.

Додава дека иако законското решение се уште не е донесено, подготовките течат во таа насока. Не верува дека ќе има големо одложување на истиот, затоа што во декември 2020 ќе има парламентарни избори.

Слично

Поврзани вести