Директорот на УБК го поддржа тврдењето дека Живаљевиќ немал дозвола за влез во Собрание на „крвавиот четврток“
Бившиот советник за безбедност во српската амбасада во Македонија, Горан Живаљевиќ немал никаква дозвола за влез во Собранието за време на крвавиот четврток.
Ова го тврди актуелниот директор на УБК кој всушност ги потврди твдењата на претседателот Иванов дека му дозволил влез во Собранието.
Спротивна на фактите е изјавата на Живаљевиќ дека имал дозвола за влез во законодавниот дом.
„Моето присуство во Собранието ниту беше тајно, ниту беше скриено. Мојата мисија ниту беше тајна, ниту недобронамерна, а пред се македонските служби беа упатени“ - рече тој за Танјуг неодамна.
Како што посочи имал дозвола од советникот за безбедност на претседателот, Синиша Алексовски. „Тој човек знаеше за мојот престој таму и беше известен“ - додава Живаљевиќ постетувајќи дека македонската и српската безбедносна служба имаат соработка.
„Фактите говорат дека критичниот ден, пред да влезе во Собранието, дипломатот не побарал писмена, или усна дозвола од овластено лице и надлежен државен орган, туку откако го завршил дејствието, известил за своите активности, со што не може да ја намали одговорноста за неовластен престој во Собранието. Во изминатиот период, Кабинетот на претседателот реагираше на амбасадорот на Србија, да се прекине со злоупотреба на името на советникот, со цел да го користи како алиби и да одбегне одговорност за непрофесионалното однесување на дипломатот. На погрешна адреса се обратил Живаљевиќ“ - соопштија пал од кабинетот на Иванов.
