Економија, финансии, бизнис

Контакт

Директорот на скопската ЗОО ќе ја организира кампањата на Пендаровски во Скопје

Директорот на скопската ЗОО ќе ја организира кампањата на Пендаровски во Скопје

Ѓорѓи Галетановски, актуелниот директор на скопската Зоолошка градина, е дел од тимот кој ќе ја организира кампањата на кандидатот на СДСД и владината коалиција Стево Пендаровски за претседателските избори.

Од партиски извори дознаваме дека раководството на СДСМ одлучило тој да биде одговорен за централниот штаб во Скопје.

Станува збор за партиски кадар, член на ИО на градската организација на СДСМ.

Галетановски е познат како менаџер на скопски кафулиња и дискотеки, а директор на скопската ЗОО стана минатото лето.

Слично

Поврзани вести