Економија, финансии, бизнис

Контакт

Директорот на МЖ Транспорт поднесе оставка по неколкудневен штрајк на вработените

Директорот на МЖ Транспорт поднесе оставка по неколкудневен штрајк на вработените

По неколку дневен штрајк на вработените во Македонски железници – транспорт, денеска директорот Никола Костов даде оставка.

Оваа информација ја пренесе ТВ24 повикувајќи се на извори од владата.

Имено, вработените во МЖ Транспорт неколку дена штрајкуваа поради неисплатените плати и лошото раководство на менаџментот.

Организаторите на штрајкот потенцираат дека се додека не им се исплатат целосно сите заостанати плати нема да го одглават сообраќајот на товарните и патнички возови.

Од Министерството за транспорт и врски пак потенцираа дека за 2017 година од буџетот на Република Македонија се издвоени 380 милиони денари за Јавното претпријатие „Македонски железници“ и дека ресорното министерство во рамки на своите законски можности ќе стори сѐ за да се реши оваа состојба во претпријатието.

Слично

Поврзани вести