Економија, финансии, бизнис

Контакт

Директорот на М-НАВ: Ние сме аполитичка институција која не се финансира од буџетот

Директорот на М-НАВ: Ние сме аполитичка институција која не се финансира од буџетот

Владо Крстевски, еден од извршните директори на М-НАВ, излезе пред медиумите откако ВМРО-ДПМНЕ ги објави платите на раководството во серијалот „Паразити“, а претходно институцијата која го контролира македонскиот воздушен простор.

- Зборуваме за плати кои се најниски во регионот и се високи заради една многу стресна работа и многу компетентна работа, која што подлежи на строги меѓународни правила со цел да даваме безбедносна услуга на македонското небо, рече Крстевски.

Директорот вели дека македонските навигации се финансираат од наплата од прелети, а не од државниот буџет и дека институцијата по правило е аполитичка.

- За да се створи еден кадар како контролор на летање потребни се од три до пет години и за обука на еден контролор севкупно се трошат од 100-150 илјади евра, додаде Крстевски.

Тој наведе дека 68 отсто од приходите на М-НАВ, со претходна дозвола од федерацијата ЕУРОКОНТРОЛ, се доделуваат за плати на вработените за да нема одлив на кадар.


Слично

Поврзани вести