Директорот на Комунална хигиена и другиот осомничен се уште се во полициска станица, се подготвува кривична пријава
Директорот на ЈП Комунална хигиена - Скопје, Сабхадин Рустеми и раководителот на секторот за управување со отпад, Аки Саити се уште се во полициската станица Гази Баба, потврди обвинителството.
За нив се уште трае максималното време во кое можат да бидат задржани во полициска станица, односно 24 часа. Се уште се подготвува кривичната пријава, по која и официјално ќе биде отворена истрага, а по што обвинителството ќе може да побара мерки за обезбедување присуство на осомничените, доколку обвинителот процени дека е потребно.
Слично
