ДИРЕКТОРОТ НА ГРАНИТ СЕ „ПОДНОВИ“ СО НОВ СЕТ АКЦИИ - Милковски купи 1.000 акции од компанијата, еве колкав е неговиот удел сега
Градежната компанија Гранит АД Скопје објави дека првиот човек на компанијата се снабдил со нов сет акции од фирмата.
Гранит преку Македонска берза објави дека Зоран Милковски, генерален директор на компанијата, но и член на Управниот одбор купил 1.000 акции.
Со новата набавка направена во текот на вчерашниот ден, Милковски сега поседува 10,28 отсто од акциите на компанијата.
Милковски не е единствениот кој изминатиов период го зголеми бројот на акциите од компанијата. Тоа го направија повеќе членови на Управниот и Надзорниот одбор на Гранит, а за ова информираа преку Македонска берза.
Слично
