Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИРЕКТОРОТ НА ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“, Д-Р. КОСТОВ: Пациентот кој си го одзема животот бил во тешка состојба и под психијатриска под опсервација

ДИРЕКТОРОТ НА ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“, Д-Р. КОСТОВ: Пациентот кој си го одзема животот бил во тешка состојба и под психијатриска под опсервација

Директорот на Градската општа болница „8 Септември“, д-р. Христијан Костов за Фактор изнесе повеќе детали во однос на немилиот инцидент кој се случи утринава. Имено, 70-годишен пациент се фрлил од прозорецот на Интензивната нега каде што бил хопспитализиран. Вели дека бил во многу тешка состојба и постојано под психијатриска опсервација. И покрај тоа што биле направени сите обиди за негова реанимација, исходот е фатален.

-На ден 10.02.2021 година, пациент хоспитализиран на Ин тензивната нега во ГОБ „8 Септември“, (А.Ц.) роден 1950 година, во тешка состојба и под психијатриска контрола и опсервација, и покрај сите преземени мерки, во утринските часови, скокнал од прозорец од првиот кат. И покрај преземените реанимациони постапки, од страна на дежурна екипа, во 7.30 часот е констатирана смрт. Известени се сите надлежни институѕции, Министерството за здравство, МВР, Јавен Обвинител и Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Направен е увид на лице место, телото е предадено на обдукција, а ДСЗИ врши вонреден инспекциски надзор. По завршување на сите постапки, јавноста ќе биде имформирана, изјави директорот Костов. 

А.Б.

Слично

Поврзани вести