ДИРЕКТОРОТ НА БЈБ ПОТВРДИ: Приведен е директор на здравствена установа, кога се уште владее национална тага, поединци сакаат да профитираат
Директорот, заедно со посредник, барале и примиле поткуп за сместување болно и неподвижно лице во геријатриска установа.
Не дозволуваме и нема да дозволиме ваквите случаи да останат неказнети“, објави на Фејсбук Александар Јанев, директорот на Бирото за јавна безбедност
Претходно денеска МВР, информираше дека се приведени две лица под сомнение за кривични дела „примање поткуп“ и „примање награда за противзаконито влијание“.
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска преку соопштение, исто така, реагираше во врска со апсењето на директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември Скопје” за примање поткуп. Тој потенцира дека испораката на правда мора да биде неселективна и во согласност со сите уставно-правни механизми и темелни вредности.
Директорот на Геријатриската болница „13 ноември“, Мухсин Арифи, беше назначен за в.д. директор на Геријатрија во јули минатата година од страна на министерот за здравство Арбен Таравари. Претходно беше директор на психијатриската болница во Бардовци.
