Економија, финансии, бизнис

Контакт

Директорот на битолската болница утре ќе поднесе оставка

Директорот на битолската болница утре ќе поднесе оставка

Директорот на битолската болница Александар Обедниковски утре ќе ја депонира својата оставка. Потегот следува откако почоина малата Јана, како и денешната смрт на новороденчето, по што во посета на болницата пристигна и министерот за здравство Фатмир Меџити. Претходно почина и 12-годишно момче од селото Лера.

Ортопедот е на чело на Битолската клиничка болница од крајот на мај 2022 година, а во болницата е во работен однос од 2014 година како специјалист, а од 2018 година, супспецијалист трауматолог. 

Трите случаи во низа го потресоа Обедниковски кој потврди дека утре официјално ќе поднесе оставка од функцијата директор од морални причини.

„Утре ќе ја депонирам оставката како директор на Битолската клиничка болница. Тоа ќе биде официјално и од морални причини“, изјави тој за Независен.

Неофицијално, Клиничката болница Битола ќе ја превземе д-р Елизабета Ивановска, специјалист интернист, супспецијалист пулмолог.


Слично

Поврзани вести