Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИРЕКТОРОТ НА БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА ИТНО НА СОСТАНОК ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО: Ќе разговараат за смртта на малата Јана

ДИРЕКТОРОТ НА БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА ИТНО НА СОСТАНОК ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО: Ќе разговараат за смртта на малата Јана

Во моментов во Клиничката болница Битола инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат вршат вонреден надзор откако македонската јавност вчера беше потресена од веста за смртта на шестгодишната Јана. Телото на девојчето е предадено на обдукција, а резултатите се очекуваат по околу две недели, додека пак инспекцијата ќе утврдува како починала Јана.

Во меѓувреме, во изјава за Фактор, директорот на Клиничката болница Битола, д-р Александар Обедниковски потврди дека е дојден во Скопје и дека точно напладне ќе има состанок со министерот за здравство Фатмир Меџити.

-Денеска сум во Скопје. Средбата со министерот беше договорена од претходно, но сега со оглед на ситуацијата ќе разговараме за оваа тема која сите не погоди. Инспекција на ДСЗИ е во моментов во болницата, а ние на овој сопстанок ќе побараме увид да изврши и посебна Комисија за здравство, изјави д-р Обедниковски.

Истовремено додаде дека други детали не може да соопшти бидејќи се води истрага за случајот.

Во меѓувреме, кусо соопштение пристигна и од Основното јавно обвинителство Битола, кое како што се наведува, издава наредби и насоки за да се извршат сите неопходни проверки. Причината за смрт на девојчето се уште не е утврдена.

Малата Јана почина завчера на Одделението за педијатрија само четири часа откако била примена. Д-р Обедниковски вчера соопшти детали во каква состојба било примено во болницата.

Анита Буховски


Слично

Поврзани вести