Директорот Арсовски купи нови акции во ТТК банка
Претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка се стекна со 500 акции од банката, објавија денеска на Македонска берза.
ТТК известува дека д-р Драгољуб Арсовски, претседател на Управниот одбор на Банката, се стекна со 500 обични акции, издадени од ТТК Банка АД Скопје, стои во известувањето.
ТТК банка известија минатата недела дека закажале Собрание на акционери на кое на дневен ред е одлука за распределба на дивиденда.
„Како резултат од работењето во 2020 година ТТК Банка АД Скопје оствари добивка пред оданочување во износ од 100.922.015 денари. По одбивањето на данокот на добивка во износ од 10.291.802 денари, останува добивка по оданочување во износ од 90.630.213 денари. Се предлага износот на нераспределената добивка од 90.630.213 денари да се распредели дел за резерви и дел за исплата на дивиденда во бруто-износ на обични акции, стои во предлог одлуката на ТТК банка.
Впрочем нераспределената добивка на ТТК Банка АД Скопје, по Годишната сметка за 2020 година во износ од 90.630.213 денари, се распределува на ваков начин - за резерви 8.920.293 денари а за дивиденда за обични акции во бруто-износ од 81.709.920 денари.
Целата анализа овде
