ДИРЕКТОРКАТА СЕ НАЛУТИ, ВЕЌЕ НЕМА ЛАБАВО: Никој не смее да го објавува нејзиното име и презиме и да манипулира околу нејзината професионалност
Директорката на Козле бара нејзиното име веќе да не се споменува во медиумите, или поточно речено, им го забранува на новинарите споменувањето на нејзиното име.
„Јас, д-р Каролина Симоновска, именувана за в.д. директор во ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје, под целосна материјална, професионална и морална одговорност, изјавувам дека не се согласувам и во ниеден случај не давам согласност моето име и презиме и професионалност да биде објавувано по медиуми. Особено во ниеден случај моето име и презиме и професионалност да бидат злоупотребувани на начин што неовластено и во контекст на невистинити објави ќе биде употребувано јавно по медиуми. Секоја постапка спротивна на горенаведеното претставува нарушување на мојот професионален, личен и морален интегритет и го задржувам правото да ги преземам сите законски мерки од секој обид на манипулација или неовластена употреба на моето име и презиме“, се вели во писмената изјава што стигна од директорката на Козле.
