Директорката на театарот е изненадена што е казнета, но не коментира
„Изненадена сум од одлуката, но нема да коментирам“, изјавила за Факултети директорката на Македонскиот народен театар, Симона Угриновска, која е казнета со 15 отсто помала плата во наредните три месеци за случајот со дивеењето на навивачката група „Шверцери“. Владата вчера ја донесе оваа одлука во врска со настанот од 23 ноември, кога голем број навивачи од групата „Шверцери“ го опседнаа МНТ, газеа и скокаа по столчиња, со што му нанесоа штета од околу 4.000 евра.
Исто така, Владата го задолжила Министерството за култура во соодветна постапка да ѝ наложи на Угриновска од организаторите на настанот да побара надомест на штетата направена на настанот.
Угриновска по немилиот настан појасни дека организатор на настанот бил пратеникот Артан Груби, од кого таа побарала детали за програмата за настанот, но не ги добила.
