Директорката на Клиниката за гинекологија по инцидентот: Една од 10 породени пациентки има психолошко пореметување
Директорката на скопската Клиника за гинекологија, Викторија Јовановска, денеска пред медиумите рече дека пациентката за која беше објавено дека скокнала низ прозорец е во многу критична состојба на КАРИЛ.
Јовановска потврди дека станува збор за 39-годишна жена која се породила за првпат, која освен што не сакала да го дои новороденчето, првично не оддавала впечаток дека има психолошки проблеми.
Пациентката на Клиниката била донесена во 36. недела од бременоста во средата со крвавење во последниот триместар од бременоста и предвремено одлепување на постелката. За 14 минути од приемот е породена со царски рез во 21.30 часот, при што е добиено живо машко дете во задоволителна кондиција.
Пациентката извршила разговор со клинички психолог., но сепак ноќта околу 21.30 часот пациентката од болничката соба се упатила кон ходникот на одделот за Пуерпериум и преку прозорецот во ходникот направила обид за суицид, фрлајќи се од првиот кат.
