Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИРЕКТОРКАТА НА КЛИНИКАТА КОЗЛЕ: „Работиме по закон и спроведуваме законски прописи“

ДИРЕКТОРКАТА НА КЛИНИКАТА КОЗЛЕ: „Работиме по закон и спроведуваме законски прописи“

ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле се соочува со, како што тврдат од институцијата, оркестриран политички напад. Директорката на Клиниката, д-р Каролина Симоновска, посочува дека секое лекарско однесување кое е надвор од медицинската етика, особено при хируршки зафат врз малолетно лице, мора да биде санкционирано за да се избегнат потешки последици.

„Јавноста треба да знае дека секое лекарско однесување надвор од лекарската етика, а особено при извршување на оперативен зафат на малолетно лице, мора да се санкционира како не би настанале полоши последици за кои потоа доцна би било каква реакција. Дрското однесување и попречување на работата е недозволено и мора да биде санкционирано без оглед за кого се работи. Цел стручен колегиум стои на таа одлука. Клиниката работи по закон и спроведува законски прописи“, изјави д-р Симоновска.

Од Клиниката Козле потенцираат дека остануваат посветени на својата работа и дека ќе продолжат да се придржуваат до медицинските и законските норми.


Слично

Поврзани вести