Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИРЕКТОРКАТА НА ИНФЕКТИВНА СО ДЕТАЛИ ЗА ТРЕТИОТ СЛУЧАЈ НА КОНГО КРИМСКА ХЕМОГАРИЧНА ТРЕСКА: Велешанец хоспитализиран викендов

ДИРЕКТОРКАТА НА ИНФЕКТИВНА СО ДЕТАЛИ ЗА ТРЕТИОТ СЛУЧАЈ НА КОНГО КРИМСКА ХЕМОГАРИЧНА ТРЕСКА: Велешанец хоспитализиран викендов

Четириесет и двегодишен велешанец е позитивен на конго кримската хеморагична треска, потврди Институтот за јавно здравје. Пациентот во моментот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести бо Скопје  и е во стабилна општа состојба. 

„Заболеното лице е маж на возраст од 42 години, од Велес, трансфериран на Клиниката од општа болница Велес, истиот ден. Почетокот на симптомите на покачена температура до 38 степени, главоболка, болка по телото, малаксаност и обилно потење, е 5 дена пред преглед во општата болница во Велес. Веднаш е известен ЦЈЗ Велес да формира тим кој направи епидемиолошка анкета на заболениот, проценка на ризик во семејството и на лицата кои биле во контакт во здравствените установи“, наведено е во информацијата од ИЈЗ.

Во земјава досега се регистрирани вкупно три случаи со оваа болест. Првиот случај беше 27-годишна пациентка која почина, а од неа се зарази болничарка на Клиниката за инфективни болести, која се лекува на клиниката. Таа веќе неколку дена го прима лекот Рибавирин.

За во 13:30 часот најавена е изјава на раководството на Инфективната клиника.


Слично

Поврзани вести