Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИРЕКТОРКАТА НА ГРАДИНКАТА ДЕМАНТИРА: Не работела незаконски

ДИРЕКТОРКАТА НА ГРАДИНКАТА ДЕМАНТИРА: Не работела незаконски

Разрешената директорка на скопската градинка „Детска радост“ Анета Петровска тврди дека не прекршила ниту еден закон и ги демантира обвинувањата на Стефковски, откако тој објави дека таа купувала мебел за во канцеларија, купувала храна вон работно време и го користела службеното возило за приватни цели.

„Вчера беше објавена изјава од страна на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски во врска со разрешувањето на директорот Анета Петровска на ЈУДГ детска градинка „Детска радост“. Од причина што Анета Петровска е моментално на боледување поради влошена здравствена состојба на малолетно дете, адвокатскиот тим на Петровска достави демант на наводите на градоначалникот“ велат од правниот тим на Петровска.


Слично

Поврзани вести