Директорката на агенцијата за вработување и возврати на Јанкулоска
Лидерката на ПЕП21 и директорка на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Билјана Јовановска, на Фејсбук ја потсети поранешната министерка Гордана Јанкулоска на нејзините зборови „Да ги сотреме“, во една од објавените т.н. „бомби“ однесувајќи се на Јовановска и нејзиниот сопруг Томче.
Реакцијата пристигна откако Јанкулоска вчера испрати отворено писмо до институциите при судските рочишта во кои таа е обвинета, да се заштитат нејзините права и да се почитува нејзината состојба на бременост.
„Се најубаво посакувам за нејзиното дете. Но жалам, не можам да жалам. Простете, но никогаш нема да простам. Јанкулоска, кога со Протуѓер договараше да ги сотрат моите две деца, не помисли на правата на мајката и правата на децата. Кога моите две деца на возраст од нешто повеќе од една годинка ги остави без приходи, со кредити и долгови, не помисли дека ќе имаат стресови и трауми. Кога не малтретираа со полиција, судски процеси, не беше загрозување на правата на една жена, мајка и малолетни деца? Кога моите шестгодишни деца ги слушаа како ќе не кренеле на клоци, беа збунети, потресени, вознемирени“, напиша Јовановска.
