Економија, финансии, бизнис

Контакт

Директорка од Крушево разрешена поради политичко влијание

Директорка од Крушево разрешена поради политичко влијание

Директорката на СОУ „Наум Наумовски Борче“ во Крушево, Фаница Николоска денеска е разрешена, а на нејзино место доаѓа наставничката по географија во гимназијата, Снежана Миленкоска.

По инспекциски надзор извршен на 6 декември и усвоени неправилности, училишниот одбор одлучил Николоска да биде разрешена, се наведува во соопштението од Општина Крушево.

Според училишниот одбор таа го прекршила членот 7 со вршење на политичко влијание кон учениците, како и членот 27 од Законот за јавни набавки со што се сомничи дека исплатила личен доход без постоечки договор.

„Фаница Николоска го прекршила член 7 од Законот за средно образование, според барањето на одборот за разрешување доставено до градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски, со кој се забранува секакво политичко организирање и дејствување, како и повреда на член 27 од Законот за јавни набавки. Врз основа на член 93 од Законот за средно образование градоначалникот Христоски ја разреши досегашната директорка“, стои во соопштението.


Слично

Поврзани вести