Економија, финансии, бизнис

Контакт

Директорите на тетовската болница ќе бидат разрешени, но по изборите

Директорите на тетовската болница ќе бидат разрешени, но по изборите

Директорите на тетовската болница ќе бидат разрешени по изборите, поради пожарот во модуларната болница кој изби на 8 - ми септември, и во кој загинаа 14 луѓе. 

Директорот и економскиот директор на тетовската Клиничка болница, Флорим Бесими и Артан Етеми, по изборите ќе бидат разрешени од функциите на кои поднесоа оставки по пожарот во модуларната ковид болница, во кој загинаа 14 луѓе, објави ТВ24, повикувајќи се на извори во Владата.

„Оставката на двајцата директори е неотповиклива и после изборите ќе се постават други директори. Сега е забрането по Избрниот законик“, велат од Владата за ТВ24.

Премиерот Зоран Заев вчера соопшти дека нема да ги прифати оставките на министерот за здравство, Венко Филипче и заменикот Илир Хасани, затоа што биле потребни, и дале свој придонес досега. 

Имено, со вештачењето се утврдува дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат.


Слично

Поврзани вести