Економија, финансии, бизнис

Контакт

Директорите на студентските домови се побунија против Владата

Директорите на студентските домови се побунија против Владата


Директорите на ученичките и студентски домови во Македонија преку своето здружение побараа од Владата да им сплаќа повеќе дотации по глава на ученик, односно студент.

Побарале од министерот за образование и наука Арбер Адеми и заменик министерот Петар Атанасов приоритет да биде можноста за корекција на партиципациите што ги уплаќа државата.

- За 16 години партиципацијата од Министерството за образование и наука претрпе само една измена со зголемување за 10  отсто. Оваа сума ни одблиску не ги покрива  трошоците околу сместувањето на учениците и студентите, режиските трошоци и исхраната за учениците и студентите, особено по одлуката на Влада за задолжително средно образование со што се отежна буџетот на студентските и средношколските домови. Станува збор за 26 домови, 18 ученички и осум студентски домови, се наведува во соопштението.

На тој начин, би се подобриле условите за живеење и учење на младите кои доаѓаат од внатрешноста.

На средбата присуствуваа и претставници од кабинетите на премиерот на РМ, Министерството за финансии и Министерството за информатичко општество.


Слично

Поврзани вести