Економија, финансии, бизнис

Контакт

Директорите на македонската и грчката железница договорија заедничка обнова на пругата

Директорите на македонската и грчката железница договорија заедничка обнова на пругата
Директорот на Македонски железници - Инфраструктура Ирфан Асани и неговиот грчки колега Панајотис Теофанопулос се сретнаа во Атина. На средбата, организирана на покана на првиот човек на грчката железница, се договориле двете земји заеднички да ја реконструираат пругата Битола-Кременица-Кафкасос. Од македонска страна пругата е долга 16 километри, а нејзината реконструкција треба да започне годинава и да заврши до крајот на следната година. Теофанопулос, од своја страна, изразил подготвеност грчките железници со сопствени средства да ја реконструираат станичната зграда во Кафкасос и да ги изградат сите дополнителни потребни објекти за да може таа да функционира како гранична станица на највисоко ниво. Соговорниците разговарале и за зголемување на интензитетот на товарниот сообраќај по Коридорот 10.
Слично

Поврзани вести