Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИРЕКТОР ВО ТТК БАНКА ДОБИ СОГЛАСНОСТ ЗА МАНДАТ ЗА УШТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ - Трповски ќе ја стартува старо-новата функција од 21 април

ДИРЕКТОР ВО ТТК БАНКА ДОБИ СОГЛАСНОСТ ЗА МАНДАТ ЗА УШТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ - Трповски ќе ја стартува старо-новата функција од 21 април

Еден член на Управен одбор на ТТК банка, Димитри Трповски, добива нов мандат. Тој ја добил потребната согласност од централната банка, а мандатот ќе му стартува од 21 овој месец.
За тоа банката ја информираше инвеститорската јавност преку Македонската берза.
„Ве известуваме дека со Решение на Гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија од 03.04.2025 година, издадена е претходна согласност за повторно именување (реизбор) на г. Димитри Трповски за член на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје, со нов мандат од 4 години сметано од 21 април 2025 година“, се вели во објавата од оваа банка на Македонската берза.

Слично

Поврзани вести