Директор е фатен со мито од 50.000 евра
Актуелен директор на државна институција вечерва е лишен од слобода под сомнение за примање мито, во акција на службите за борба против организиран криминал при Бирото за јавна безбедност, дознава „Скопје1“ од извори во истрагата.
Според неофицијални информации, станува збор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, кој бил фатен при барање и примање поткуп во износ од околу 50.000 евра. Тој е директор од јули 2024 година.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информира дека во тек е координирана акција со Министерството за внатрешни работи, поради основано сомнение за сторени кривични дела од коруптивна природа.
Слично
