„ДИРЕКТНО ПОТКОПУВАЊЕ НА ЗАЕДНИШТВОТО НА СИТЕ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ“: Сиљановска Давкова за палењето на македонското знаме
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова преку социјалните мрежи ги осуди вчерашните инциденти кога по повод прославата на Денот на албанското знаме, беше осквернавено македонското знаме.
- Најостро ги осудувам синоќешните инциденти, при што беше сквернавено македонското државно знаме. Чин на непочитување на државните симболи, но и директно поткопување на заедништвото на сите македонски граѓани што тоа знаме го симболизира.
Ваквите постапки не придонесуваат за градење доверба и почит меѓу граѓаните, туку поттикнуваат дополнителни тензии и поделби.
Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти. Надлежните институции треба да спроведат темелна истрага за настанот и да преземат соодветни мерки за одговорните лица - пишува во постот на претседателката објавен на Фејсбук.
Нејзината обајва за кратко време предизвика бројни коментари од загрижени граѓани, од кои дел го комнтираат синоќешното однесување на учесниците во прославата, од кои дел потенцираат дека чинот на палење е непочитување на државата, но имаше и такви кои укажаа дека плаењето на знамето е само еден од бројните прекршоци кои се случиле во текот на ноќта. Дел од коментарите пак укажаа оти реакцијата на претседателката е задоценета и премногу блага и кратка, и побараа поригорозни мерки за оние кои не ја почитуваат државата во која живеат.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Слично
