ДИПЛОМАТСКИ ПАСОШИ ЗА ТРАЈКОВСКИ И БАРДИ И СЕЛЕКТОРОТ МИЛЕВСКИ: Вие сте нашите спортски амбасадори-Османи ги награди за успехот
Министерот за
надворешни работи Бујар Османи, денеска им додели дипломатски пасоши на
фудбалските репрезентативци, Александар Трајковски и Енис Барди, како и на
тренерот на репрезентацијата на Северна Македонија, Благоја Милевски.
–Не само со победите над фудбалските велесили како што се Италија и Германија, туку и со севкупниот ваш придонес во успехот на нашиот национален тим, вие веќе сте нашите спортски дипломати и амбасадор, па најмалку соодветно е да го имате и симболот на дипломатијата – дипломатскиот пасош за вашите чести патувања, истакна Османи на средбата.

Слично
