Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИПЛОМАТСКА ОФАНЗИВА: Уште една европска политичарка доаѓа в понеделник

ДИПЛОМАТСКА ОФАНЗИВА: Уште една европска политичарка доаѓа в понеделник

Италијанската министерка за одбрана,  Елизабета Трента в понеделник ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

За време на посетата на земјава, таа ќе има тет-а-тет средба со министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска, по што ќе следуваат и разговори на двете делегации.

Двете министерки по средбите ќе имаат и изјави за медиумите.

За краток временскиот период земјата ја посетија канцеларите Ангела Меркел, Себастијан Курц, вчера во Македонија беше шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини и американскиот помошник-државен секретар за европски и евроазиски прашања, Вес Мичел кои повикаа граѓаните да гласаат на референдумот. 

Слично

Поврзани вести