ДИПЛОМАТСКА ОФАНЗИВА: Министрите за надворешни на Австрија, Словенија и Чешка ќе ги посетат Скопје и Тирана
Шефовите на дипломатиите на Австрија, Словенија и Чешка викендов ќе бидат во посета на Скопје и Тирана.
Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг доаѓа во обид да ги продолжи напорите на австриската Влада да го забрза процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан. Тој ќе патува заедно со неговите колеги од Словенија и Чешка, Анже Логар и Јакуб Кулханек.
„Оваа година, 2021 година, не смее да се изгуби повторно. Нанесената штета станува се поголема“, изјави Шаленберг.
Вели дека на Западен Балкан се води борба за модел на живот и предупреди дека ако ЕУ конечно не го исполни ветувањето, тогаш вакуумот ќе го пополнат други држави. Словенија ќе го преземе претседателството со ЕУ на 1 јули.
Бугарија не попушта во однос на Македонија.
