Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дипломатска мисија во Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ

Дипломатска мисија во Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ

Амбасадори од повеќе европски земји во моментов се во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, но причината за нивниот ангажман засега не е познат. 

Нема информација каква е мисијата на оваа посета на дипломатите во земјава, но доаѓа откако ДУИ објави дека се надминатите разликите околу употребата на албанскиот јазик и од утре ќе почне да се договара програма за новата влада со СДСМ, а Заев од Сараево откри дека за десетина дена Македонија ќе има ново владино раководство, информира Нова ТВ.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да го минираат преговарачкиот процес меѓу СДСМ и ДУИ обвинувајќи дека прават обиди за дефакторизација на македонскиот народ и неговата мнозинско изразена изборна волја. 

Од повеќе активисти и членови на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи се упатуваат апели за силни протести и „преземање“ на работите во свои раце. 

Слично

Поврзани вести