Дипломати тврдат дека ЕУ не може да му гарантира европска иднина на Балканот
Европската Унија (ЕУ) повеќе не гарантира европска иднина за Балканот.
Поради страв од можни политички реакции во земјите – членки, ЕУ повеќе не може да се согласи дека гарантира за идно членство на шестте балкански земји, а меѓу нив и Македонија, пишува „Ројтерс“, и се повикува на четворица дипломати и еден документ.
На претстојниот самит закажан за 6 октомври, ЕУ планира во изјавата да наведе дека Унијата ја реафирмира својата „недвосмислена поддршка за европската перспектива за Западен Балкан“. Сепак, земјите членки и по две рунди разговори, сѐ уште не постигнале согласност за оваа формулација.
Застојот во разговорите околу декларацијата е нова пречка за ЕУ пред самитот, кој требаше да ја зацврсти посветеноста на ЕУ на стратегијата според која на Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Албанија им беше ветено дека ќе станат дел од европското семејство, пишува „Ројтерс“.
