Дипломат тврди дека Бугарија не е единствената сопка за старт на преговори
Бугарскиот дипломат Милен Керемедчиев вели дека одвојувањето на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ би требало да открие и други кочничари кои не ги сакаат овие две држави во европското семејство.
Тој вели дека двете земји се различни во својата подготвеност и дека е логично да бидат одвоени во процесот, но смета дека тоа ќе се случи. Спомена дека таков бил случајот и со Бугарија и Романија.
„Сметам дека е правилен последниот став на Бугарија за разделување на Албанија и Република Северна Македонија, бидејќи така ќе се види дека и Албанија всушност има проблеми за започнување на преговорите за членство, кои произлегуваат од други западноевропски држави, како Холандија и Франција, кои имаат стравови од брз прием на Албанија во ЕУ. Така повеќе ќе се види и дека Бугарија не е основната сопка и пречка за членство на двете држави во ЕУ“, вели Керемедчиев за радио Фокус.
Бугарија останува на ставот за вето. Позициите не се променети во однос на Македонија.
Специјалниот претставник на Владата на Република Северна Македонија за Република Бугарија , Владо Бучковски, во интервју за софиски „Дневник“, вели дека со Бугарија имаме заедничка, а не споделена историја.
