Диплома од 2016 со печат „Северна Македонија“
Министерката за образование и наука Весна Јаневска откри сериозни неправилности во работењето на еден универзитет, посочувајќи дека дел од случаите веќе се предмет на постапка во Јавното обвинителство.
- -Две дипломи на Славјанскиот универзитет се поништени, а утврдени се бројни нерегуларности, меѓу кои полагање на 14 до 17 испити во една сесија и несоодветни еквиваленции на ЕКТС кредити – изјави Јаневска.
Како што посочи, во еден случај од еден предмет биле признаени повеќе кредити отколку што е дозволено, што дополнително ја отвора сомнежот за злоупотреби во образовниот систем.
Особено проблематичен е и случајот со диплома издадена во 2016 година, на која стои печат со назив „Република Северна Македонија“, иако името на државата беше променето дури во 2018 година.
- -Овој случај веќе е предмет на Јавното обвинителство и доколку се докаже фалсификат, универзитетот ќе се соочи со сериозни последици – нагласи министерката.
Од Министерството најавуваат дека ќе продолжат со засилени контроли во високото образование со цел спречување на вакви појави и заштита на кредибилитетот на дипломите.
