Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Динев констракшн“ е фирмата чие BMW изгоре синоќа

„Динев констракшн“ е фирмата чие BMW изгоре синоќа

Градежната компанија „Динев констракшн ДОЕЛ“, е фирмата чие возило BMW 7 утрово осамна целосно изгорено на паркингот на шопинг-центарот и катна гаража „Зебра“ во скопската населба Капиштец во центарот на Скопје, дознава Фактор од свои извори.

Компанијата „Динев констракшн ДОЕЛ“ е компанија за градежништво, трговија и услуги, и има лиценца за градба од втора категорија.  

Според нашите сознанија, не е прв пат да биде запалено возилото на сопственик на оваа компанија, но таа информација засега е во зоната на шпекулациите.

Луксузниот автомобил ноќеска бил запален, а полицијата денес врши увид на целосно опожареното возило, по што ќе излезе со повеќе детали.

Слично

Поврзани вести