Економија, финансии, бизнис

Контакт

Динамит, преселба или пренамена - Има ли чаре за Скопје 2014?

Динамит, преселба или пренамена - Има ли чаре за Скопје 2014?

Долго време одредени тогашни опозициски активисти со голема доза на одвратност говореа за грдосиите на проектот Скопје 2014 кој има многу архитектонски грешки и наместа „фушерај“ изведба. Некои тогашни опозиционери сега се дел од власта и тие ги носат одлуките. 

Се потсетуваме на барањата за токмаци и демонтирање на споменици, па дури и за динамит за одредени градби на Скопје 2014. Трети пак, тогаш бараа дислокација на одредени споменици за да има колку толку некаква естетика во пренатрупаноста на спомениците на неколку метри квадратни. 

Секако било какво рушење или демолирање ќе биде уште повандалско и понасилно постапување од односот на ВМРО-ДПМНЕ во претходната власт кога без престан додаваше нови и нови згради, нови и нови скулптури и споменици беа никаков ред, без никава идеја за уметност и естетика, без никакво чуство за просторот, без никаква историска поврзаност и кохерентност. 

Од Министерството за култура многу повеќе се очекува да обезбеди точни информации за тоа што се е потрошено изминатите години, да се видат јавно договорите и анексите, како и да се направи анализа за одржување на проектите, за искористеност на нивните капацитети, па дури и можна нивна пренамена во комерцијални објекти кои нема да ја чинат државата десетици милиони евра годишно бидејќи секогаш постои можност за рационализација, за спојување на институции и нивно собирање под еден кров. 

Христијан Станоевиќ

Слично

Поврзани вести